ВМРО-ДПМНЕ

19.4K posts

ВМРО-ДПМНЕ banner
ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ

@VMRO_DPMNE

Official twitter account of VMRO-DPMNE. Founded June 17, 1990

Republic of Macedonia Katılım Temmuz 2009
788 Takip Edilen9.6K Takipçiler
ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ@VMRO_DPMNE·
Македонија со убедливо најниски цени на горивата, со навремена и прецизна интервенција на Владата и намалување на ДДВ, се прекина трендот на раст на цените 👇 🔗vmro-dpmne.org.mk/%d1%81%d0%be%d…
ВМРО-ДПМНЕ tweet media
Srpski
1
0
1
74
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Денеска присуствував на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово. Како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти и ќе сториме сè што е во нашата моќ ваков тип на проекти да бидат наше секојдневие. За многу кратко време, ова е второ средно училиште во Тетово коешто е реконструирано и реновирано. Заедно со Општина Тетово, градиме уште две нови средни училишта овде во Општина Тетово. Благодарност и до градоначалникот и до мнозинството во Советот, којшто ја поддржува работата на градоначалникот, до администрацијата, до Министерството, до колегите во Владата.
Христијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet media
Srpski
0
9
34
583
ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ@VMRO_DPMNE·
Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со конкретен план и мерки на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра неделно 👇 🔗vmro-dpmne.org.mk/%d1%81%d0%be%d…
ВМРО-ДПМНЕ tweet media
Srpski
0
1
4
119
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Како претседател на Владата, но и како човек кој ги разбира потребите на граѓаните, сакам да потенцирам дека Владата ќе делува секогаш кога за тоа ќе има простор и потреба. Имаме план не само со еден или два чекора, туку со цела низа разработени сценарија, доколку кризата се влоши или продолжи. Владата донесе одлука, се намалува данокот на ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%,за да се спречи енормен скок. Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните. Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања. Со стабилизирање на цената на горивата, се штитат и цените на храната, транспортот и услугите. Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата.
Христијан Мицкоски tweet media
Srpski
12
11
68
4.1K
ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ@VMRO_DPMNE·
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот празник Рамазан Бајрам 👇 🔗vmro-dpmne.org.mk/%d1%81%d0%be%d…
Srpski
0
0
5
78
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Среќен Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед! Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање. Како народ, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Токму затоа, денес повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани. Нека радоста од Бајрам ги исполни вашите домови со топлина, љубов и благосостојба. Да ги споделиме убавите моменти со семејството, пријателите и сите оние на кои им е потребна поддршка и внимание. Со искрени желби за здравје, напредок и благодет!
Български
0
4
28
759
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Денес имав чест да присуствувам на самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент. Размената на идеи, искуства и визии беше од особено значење, а атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности. Овој самит претставуваше одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас.
Христијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet media
Srpski
1
3
29
698
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Вечерва имав чест да присуствувам на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (@EPP), значаен јубилеј кој обедини лидери, претставници и пријатели од цела Европа. Настан исполнет со силна енергија, визија и заедништво, каде се потврди улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста. Присуството на бројни европски лидери даде дополнителна тежина и значење на оваа свеченост. Ваквите моменти потсетуваат колку е важна соработката, меѓусебната почит и заедничката определба за посилна и пообединета Европа.
Христијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet media
Srpski
3
4
42
947
ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ@VMRO_DPMNE·
@MickoskiHM: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на @EPP на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ 👇 🔗vmro-dpmne.org.mk/%d0%b8%d0%bd%d…
ВМРО-ДПМНЕ tweet media
Български
0
0
2
69
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Овие два дена сме во Брисел да ја одбележиме 50 годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј што нераскинлив дел претставува и ВМРО-ДПМНЕ, најголемата политичка партија во државава. Овие два дена покрај официјалната прослава ќе имаме и Самит на лидери, на претседатели на политички партии, кои се дел од семејството на Европската народна партија. Она коешто претставува наша цел и она кое претставува наш посебен интерес е разговорот околу проширувањето на самата Европска Унија, но и сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме.
Srpski
3
5
34
796
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Во рамки на посетата во Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија, остваривме средба со Андреј Пленковиќ. На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство.
Христијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet media
Srpski
0
2
38
947
ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ@VMRO_DPMNE·
Претседателот Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција 👇 🔗vmro-dpmne.org.mk/%d1%81%d0%be%d…
ВМРО-ДПМНЕ tweet media
Srpski
0
1
3
111
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Денеска остварив работна средба со Советот на Странски инвеститори во Стопанската Комора на која се разгледуваа актуелни економски теми. Имавме плодна и успешна дебата. За нас странските инвеститори се исклучително важни исто како и домашните инвеститори бидејќи економијата е една од главните приоритети на функционирањето на оваа Влада. Полека, но сигурно се движиме кон консолидирање и тоа во услови на исклучително големи глобални предизвици. Колку е државата посилна, толку и бизнисот повеќе вреди, толку и имотот повеќе вреди, колку е бизнисот посилен, толку станува државата посилна, затоа е многу важно да имаме ликвиден бизнис, економија, таа економија да си ги врши навремено обврските кон државата и кон буџетот, со тие обврски и со солиден и ликвиден буџет ние ќе можеме да имаме повеќе капитални инвестиции, да имаме повеќе во здравството, да имаме повеќе во образованието, да имаме повеќе во земјоделието, повисоки пензии, повисоки плати.
Христијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet media
Български
4
8
41
1.4K
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Денес стоиме во тишина и со длабока почит пред една од најболните страници во нашата историја. Денес се сеќаваме на депортирањето на македонските Евреи, трагедија што засекогаш го обележа нашето колективно паметење. Во март 1943 година, повеќе од седум илјади наши сограѓани, Евреи од Скопје, Битола и Штип беа насилно собрани, буквално киднапирани од своите домови, од своите семејства, од својот живот. Тие беа депортирани во логорот на смртта Треблинка, каде што нивните животи беа сурово прекинати. Зад таа бројка стојат имиња, семејства, соништа, таленти, судбини. Стојат луѓе кои биле дел од ткивото на нашите градови, од трговијата, од културата, од духот на земјата. Со нивното исчезнување, нашата земја изгуби дел од својата душа. Но, денес не се сеќаваме само на трагедијата. Се сеќаваме и на обврската. Обврската никогаш да не дозволиме омразата, антисемитизмот, расизмот и нетолеранцијата повторно да добијат место во нашите општества. Историјата нè учи дека злото почнува со збор, со предрасуда, со рамнодушност. А завршува со трагедии што го потресуваат човештвото. Затоа денес, како држава и како општество, ја обновуваме нашата заклетва: дека ќе ја чуваме вистината, ќе го негуваме сеќавањето и ќе ја браниме човечката достоинственост. Нашата сила отсекогаш била во тоа што различните култури, религии и традиции живееле заедно, создавајќи заедничка иднина. Еврејската заедница оставила неизбришлива трага во историјата на оваа земја. Нејзиниот придонес во културата, образованието, стопанството и општествениот живот е дел од нашето заедничко наследство. Денес, кога се сеќаваме на жртвите на Холокаустот, испраќаме јасна порака: Сеќавањето е наша морална должност и таа вистина треба да ја браниме по секоја цена, а борбата против омразата, наша историска одговорност. Нека споменот на депортираните македонски Евреи биде вечен. Нека нивната трагедија биде опомена за сите генерации што доаѓаат. Вечна им слава и вечен спомен.
Христијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet media
Srpski
3
7
41
1.3K
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Продолжуваме да ги реализираме проектите, а нивото на реализација на капиталните инвестиции е исклучително високо. Околу десет милијарди денари се реализирани во првите два месеци и во првите пет дена од третиот месец март, што претставува приближно 25 проценти од вкупниот износ на капитални инвестиции предвидени за 2026 година. Очекувам со ова темпо да се зголемува и бруто домашниот производ и конечно граѓаните да го почувствуваат сето она што го работевме во насока на стабилизација на државата. По една криминална влада, влада предводена од СДСМ и ДУИ, која буквално ги уништи институциите, ги ограби граѓаните и ја понижи државата. Како Влада дадовме сè од себе за повторно да застанеме на нозе, да дојдеме до една неутрална состојба во моментов и да продолжиме да го испорачуваме она што граѓаните го очекуваат од нас. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на двајцата градоначалници, на градоначалникот на Чучер Сандево и на градоначалникот на Бутел. Сакам да се заблагодарам уште еднаш и на Министерството, на министерот и на заменик-министерката во Министерството за животна средина и просторно планирање, на сите советници кои ја поддржуваат работата на општините, на пратениците кои застануваат зад овие проекти, како и на администрацијата која со својот труд додава вредност во целиот овој процес.
Христијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet media
Srpski
0
4
33
917
ВМРО-ДПМНЕ retweetledi
Христијан Мицкоски
Денес поставуваме темел на иднината. Со започнувањето на изградбата на новиот, модерен кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, ја потврдуваме нашата цврста определба – да инвестираме во знаење, во младите и во развојот на високото образование. Овој проект претставува стратешка инвестиција во иднината на државата. Инвестиција која ќе создаде современи услови за образование, научна работа и академски развој. Владата донесе одлука со која се обезбедени вкупно 42 милиони евра за реализација на овој значаен проект. Универзитетите мора да бидат центри на знаење, истражување и иновации. Места каде што се создаваат идеи, каде што се развиваат нови технологии и каде што се подготвуваат генерации кои ќе ја водат државата напред.
Христијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet mediaХристијан Мицкоски tweet media
Srpski
5
3
43
5.3K
ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ@VMRO_DPMNE·
Инвестициите кои спаѓаат во портфолиото на ТИР зоните ќе отворат нови 5.000 работни места, политиките на Владата резултираат со растечка економија 👇 🔗vmro-dpmne.org.mk/%d1%81%d0%be%d…
ВМРО-ДПМНЕ tweet media
Български
3
1
6
155
ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ@VMRO_DPMNE·
Мицкоски: Ова е момент кога мораме да направиме разлика со опозицијата, работиме на 17 инвестиции и 5.000 работни места 👇 🔗vmro-dpmne.org.mk/%d1%81%d0%be%d…
ВМРО-ДПМНЕ tweet media
Български
0
2
7
284
ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ@VMRO_DPMNE·
Мицкоски: Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството 👇 🔗vmro-dpmne.org.mk/%d1%81%d0%be%d…
ВМРО-ДПМНЕ tweet media
Български
0
4
11
995