Зоран Заев
10.1K posts

Зоран Заев
@Zoran_Zaev
Општественик, економист, социјалдемократ, поранешен премиер на Северна Македонија 🇲🇰 Former PM of North Macedonia


Како лидери на земји, поранешни и сегашни, им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот, и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите. #EconRoundtableGR

Денеска на форумот на @Economist_SEUR во Атина кој се одржува во сенката на заканите на неколку воени жаришта во светот, дискутиравме околу безбедносна состојба во Косово, Блискиот Исток и Украина. #EconRoundtableGR







Пет години после референдумот за нашиот историски исчекор напред, исправени сме пред нови комплексни предизвици. Нашата влада успеа да најде компромисно решение со Бугарија претставено во европскиот предлог и во нашата преговарачка рамка.

Иако опозицијата го бојкотираше референдумот, граѓаните од мнозинскиот демократски блок излеговме масовно, гласавме и потоа заедно со нашите сојузници успеавме да ја внесеме земјата во НАТО, а денес веќе сме во почетната фаза од преговорите со ЕУ.

610.000 граѓани гласаа ЗА на референдумот и ја поддржаа каузата “Излези ЗА европска Македонија” што е најголемата поддршка дадена при непосредно гласање после независноста. Бројот на ЗА е поголем од бројот на гласови на сите победници на сите избори во историјата на државата.

🇲🇰🇪🇺 30 септември 2018 година е важен ден во современиот развој на Северна Македонија. Тоа е денот кога македонските граѓани од сите етникуми во огромен број излегоа да дадат поддршка на историскиот Договор од Преспа, со цел земјата да ни стане членка на НАТО и ЕУ.



Младиот Никола Маркоски ни покажа дека и дома се успева. Тој е директор на развој во “Грин Машинс”, а се врати од Германија како успешен научник во полето на физиката да допринесе за поголем успех и развој на нашата држава. bit.ly/3H6NFoY


Здравјето е нашиот живот и затоа мораме постојано да го унапредуваме. Затоа донираме во јавното здравје, а со тоа и во нашето општество и нашата иднина. bit.ly/415XNWI














