
Недела на сестринството 👩🏻⚕️👨🏼⚕️
Денес се одбележува Националната и Европската недела на медицински сестри и акушерки (5–12 мај 2026) — Ден на акушерките на 5 мај и Ден на медицинските сестри на 12 мај — и им оддаваме признание на жените и мажите кои секојдневно, на секое одделение и во секоја смена, се грижат за нашето здравје!
Властите остануваат посветени на конкретно подобрување на позицијата на медицинските сестри — не само со зборови, туку со мерливи резултати.
✅ Зголемен е бројот на здравствени работници — за првпат по повеќегодишен тренд на пад — од 18.000 во 2024 г. на 18.900 во 2025 г., вклучувајќи и со вработување на медицинските сестри кои работеа со договори на дело.
Од 2023 до денес, основните нето плати на медицинските сестри со ССС:
✅ пораснаа од 25.654 на 33.852 денари — раст од 31,9% номинално и 16,8% реално, за вработените во ЈЗУ со Гранков колективен договор
✅ пораснаа од 29.455 на 37.217 денари — раст од 26,3% номинално и 11,9% реално, за вработените во Клиничкиот центар Скопје
✅ Со додатоците за стаж, работни услови и дежурства, вкупната нето исплата денес достигнува до 42.300 денари (Гранков КД) и 46.500 денари (КЦ КД)
✅ Договорени зголемувања на платата за 2027 и 2028 година.
👉 Со подобрување на сигурноста на работните места и вреднувањето на работата, отворени за дијалог за структурни прашања! 🤝
Благодарност до секоја сестра. Вашата работа е незаменлива. Силни сестри за силни здравствени установи 💙
Честитки по повод Националната и Европската недела на медицински сестри и акушерки 5–12 мај 2026!
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
#ENMW2026 #ДенНаСестрите #МедицинскиСестри #Здравство #ФЗО




Български






































