Petar Bogojeski, PhD 🇲🇰🇺🇳@PetarBogojeski
ПИСМО ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА
Почитувани сонародници, драги Македонци во Бугарија, вие сте наши браќа и сестри. Не гледам причина за ваква омраза помеѓу нас.
Ви се обраќам со длабока почит кон вашата истрајност. Со јасна свест за историските и културните вистини што не дефинираат како народ, каде и да се наоѓаме. Во време на политички притисоци и обиди за манипулации со минатото, важно е гласно и културно да ги афирмираме фактите кои го одвојуваат македонскиот етнички и културен идентитет од оној на нашите соседи.
Ние, Македонците од Македонија, не можеме и немаме историска основа да се идентификуваме со културата, битот и потеклото на старите Бугари. На хановите кои дојдоа од Азија. Како цивилизиран народ, ние целосно го почитуваме фактот дека тие вистински Бугари имале своја автентична култура, свое специфично писмо (руни), поинаква религија (шаманизам) и свои обичаи. Но, истовремено сме должни да констатираме дека тие елементи биле длабоко туѓи за автохтоното население на територијата на Македонија и како такви никогаш не станале дел од македонскиот културен код.
Историскиот парадокс, кој денес често се премолчува, е токму во обратното влијание. Напротив, токму од овие наши македонски простори, преку делото на светите браќа Кирил и Методиј и нивните свети ученици Климент и Наум Охридски, на тие бугарски простори им беше дадена една нова, напредна цивилизација.
Ние, Македонците, преку нашата вековна духовна и писмена традиција, на тие бугарски племиња им дадовме ново писмо (глаголица и кирилица), нов литературен јазик заснован на говорите на Македонците од околината на Солун, христијанска вера и нови обичаи кои радикално го променија нивниот дотогашен азиски идентитет. Оваа нова, претежно автохтона и христијанска култура со македонски корен, подоцна, под силно влијание на руската империјална пропаганда во 19 век, беше политички кодифицирана и именувана како „бугарска“. Тој геополитички инженеринг на панславизмот, свесно создаде терминолошка конфузија со која денес се прави обид да се присвои македонското културно и историско наследство.
Како европски и достоинствен народ, ние се залагаме за вистината. Го почитуваме туѓото, но силно го чуваме своето. Ова обраќање е потсетник дека нашите корени се јасни, автохтони и цивилизациски супериорни во однос на обидите за наша асимилација.
Останете горди, доследни на своите предци и на македонското име!
Свесно споделувам фото од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, САД. Пораката е повеќе од јасна. Денешните модерни нации, како бугарската, никој не ги оспорува. Јас знам дека вие сте дел од истата. Како и десетици илјади Македонци од Македонија, кои станаа бугарски државјани. Немам намера да потсетувам дека тоа е правна категорија. Имам намера да допрам до вашата душа, до етничкото. До она македонското. Кое знам дека го има длабоко во секој еден од вас.
Македонија и Бугарија може да бидат одлични пријатели. Не само соседи. Ние имаме толку многу заедничко, како никој друг на овој свет. Токму вие Македонците, кои сте мнозинство во Република Бугарија, сте најголем доказ за тоа. Но како до тоа пријателство? Има ли магична формула? Јас мислам да. Има!
Потребно е сите да се издигнеме над состојбата. Да пораснеме. Да созрееме. Да започнеме да гледаме во иднината, за минатото да ни стане забавно. Точно е, нема да ни дозволат. Точно е, Белград ќе удри врз мене после ова писмо, а Русија ќе забрани било какво споделување на истото во бугарските медиуми. Ако. Сме издржале многу, ќе издржиме повеќе. Но нашето ќе си го истераме. Ако не бевме такви, ние Македонците одамна немаше да постоиме.
Чувствуваме дека постои таму некаде, нешто, кое ми е тешко да го опишам, но знам дека го имаме. Заедничко. Тоа нашето, македонското. Кодот. Битот. Никогаш нема да биде проблем ако се отвориме за нив. Македонската култура е супериорна и носечка во Република Бугарија. Па не ви ја сруши државата. Напротив, ја издигна. Значи не ни е тоа целта.
*продолжува во коментар👇🏼